ПРВ.мк
Македонија

ТЕНЗИЈА ВО ЗГРАДАТА НА ЕСМ: Вработена пријавила дека била физички нападната од колешка!

ТЕНЗИЈА ВО ЗГРАДАТА НА ЕСМ: Вработена пријавила дека била физички нападната од колешка!

Несекојдневен инцидент се случил во просториите на ЕСМ во Скопје, откако 61-годишна вработена пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка додека се наоѓале на работното место.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје. Жената Р.Т.Ѓ. (61) од Скопје пријавила дека околу 13:30 часот, во зградата на ЕСМ која се наоѓа на подрачјето на Центар, била нападната од нејзината колешка Ј.Н.

Засега нема дополнителни детали за причините кои довеле до конфликтот, ниту за тоа што точно се случило меѓу двете вработени пред физичкиот напад.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

По завршувањето на проверките и собирањето на потребните информации, надлежните ќе одлучат за понатамошните постапки.

Најнови вести