Група малолетни девојчиња физички нападнале нивна врсничка во скопската населба Ѓорче Петров, а целиот инцидент го снимале со мобилен телефон, информира полицијата.
Случајот бил пријавен од мајката на девојчето.
„Вчера во 17:50 часот во СВР Скопје, В.П.(50) од Скопје пријави дека на 27.03.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, а за настанот постои и видеоматеријал“, соопштуваат од МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.










