ПРВ.мк
Македонија

Младите во Кавадарци добиваат глас во креирањето на општинскиот буџет

Младите во Кавадарци добиваат глас во креирањето на општинскиот буџет

Во просториите на Гимназија „Добри Даскалов“ денеска се одржа форумот „Младински инкубатор: Од идеја до општински буџет 2027“, на кој присуствуваше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Настанот испрати силна порака дека младите сè повеќе стануваат важен дел од процесите што директно влијаат врз иднината на општината.

Младиот евроамбасадор Ѓорѓи Ристов посочи дека главната цел на форумот е развој на реални младински иницијативи кои имаат потенцијал да бидат вклучени во општинскиот буџет за 2027 година. Присутните ученици беа поделени во групи и работеа на идеи и предлози што во следниот период ќе бидат дополнително разработени и презентирани.

Форумот уште еднаш потврди дека младите во Кавадарци поседуваат сериозен потенцијал, креативност и јасна желба активно да се вклучат во образовниот и општествениот развој на заедницата. Токму ваквите средби отвораат простор нивниот глас да биде слушнат и нивните идеи да добијат конкретна институционална поддршка.

На иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, во наредниот период ќе биде организирана и официјална средба со учениците, на која подетално ќе се разговара за нивните предлози, иницијативи и можности за нивна понатамошна реализација.