ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Падна инспектор, наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода!

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Падна инспектор, наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднела кривична пријава против 61-годишниот З.П. од Крива Паланка, поради сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според информациите од истрагата, осомничениот како општински инспектор за животна средина извршувал инспекциски надзор на водоводна инфраструктура во приватна сопственост во селото Конопница. Во текот на контролата, на 24 јули 2024 година, тој наводно усно наредил на вработени од ЈП „Комуналец“ да ги оштетат катанците на резервоарите кои служат како распределителна шахта.

Со ова, според пријавата, биле отворени објекти кои се наоѓале во приватна сопственост, при што е предизвикана материјална штета и се отвора сомнеж за пречекорување на службените овластувања.

Од надлежните органи информираат дека случајот е документиран и дека против лицето се води постапка за утврдување на одговорноста и околностите под кои биле донесени спорните наредби.

Истрагата треба да утврди дали постапките на инспекторот биле во рамки на законските надлежности или претставуваат нивно грубо пречекорување, како што се наведува во кривичната пријава.

Најнови вести