Скопската котлина е на удар на ново невреме кое се движи од запад, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според нивната најава, нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер веќе се приближува преку планинските масиви кон главниот град.
Причината е влажната и нестабилна воздушна маса која, според УХМР, ќе услови денес и утре времето да биде променливо облачно со чести врнежи и грмежи во повеќе делови од земјава.
Се очекуваат интензивни временски процеси, вклучително и пообилен пороен дожд за многу кратко време (над 15 литри на метар квадратен), силни удари на ветер (над 60 километри на час), како и изолирана појава на град. Граѓаните се повикуваат на внимателност и следење на состојбата.