ПРВ.мк

Сиљановска-Давкова: Благодарност до странските медицински тимови за спасените животи

Сиљановска-Давкова: Благодарност до странските медицински тимови за спасените животи
VERO Banner

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, им оддаде признание на медицинските тимови од Израел, Чешка и Србија за нивниот несебичен ангажман во лекувањето на настраданите од неодамнешниот катастрофален пожар.

„Имав особена чест да ги примам медицинските тимови од Државата Израел (16 члена) и Чешката Република (6 члена), во придружба на нивните амбасадори, пред нивното заминување. Тие, заедно со веќе заминатиот српски медицински тим од ВМА, извршија стотина операции во соработка со македонските лекари“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека овие лекари покажале врвно знаење, професионалност, хуманост и пожртвуваност. Особено ја радуваат комплиментите што ги добиле македонските лекари, како и подготвеноста за нивна понатамошна едукација.

„По она што го чув од нив, не можев да најдам соодветни зборови за да им изразам должна благодарност. Од срце им благодарам за херојскиот ангажман во спасувањето на животите на настраданите. Никогаш нема да го заборавам нивниот несебичен лекарски потфат!“ – додаде таа.

Претседателката упати посебна благодарност до медицинските професионалци кои работеа заедно со македонските лекари, потенцирајќи дека ваквите меѓународни медицински мисии се доказ за солидарноста и заедничката борба за човечките животи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран