ПРВ.мк
Македонија

ШОК СЦЕНИ ВО ПИНТИЈА: Маж ги полеа и ги запали автомобилите во сервис – целиот чин снимен!

ШОК СЦЕНИ ВО ПИНТИЈА: Маж ги полеа и ги запали автомобилите во сервис – целиот чин снимен!

Рано наутро, нешто пред 4 часот, тивката скопска населба Пинтија се разбуди со глетка од хорор филм. Во авто-сервис сместен над Стаклара, во реонот Камник, изби масивен пожар што за кратко време проголта неколку возила и предизвика сериозна материјална штета.

На видеоснимка од безбедносна камера се гледа вознемирувачки момент: непознат маж прескокнува ограда, носи со себе запалива течност, ги полева паркираните автомобили и во миг ги потпалува. Потоа, ладнокрвно бега од местото на злосторството.

Случајот не делува како изолиран инцидент. Се засилуваат сомневањата дека овој напад е дел од организирана серија намерни палења, кои ги потресоа Скопје последниве недели – меѓу нив и пожарите во Вардариште, Дрисла и Трубарево. Според шпекулации, целта можеби е создавање незадоволство и хаос во пресрет на локалните избори во октомври.

Интервенцијата на скопската Противпожарна служба беше итна. Според Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, на терен излегле осум возила од БППЗ-Скопје. Со борба што траела скоро два часа, пожарот конечно бил локализиран пред 6 часот.

Покрај автомобилите, во пламенот биле зафатени и големи количини масло и други запаливи материјали, што го отежнало гаснењето и го зголемило ризикот за околните објекти.

Надлежните работат на расветлување на случајот, а граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост.

Escape