На денешното рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше обвинетиот Велибор Манев.
Александар, таткото на Вања Ѓорчевска, не можејќи да го слуша сведочењето на Велибор Манев за грабнувањето на Вања, заплаче во судница, па судењето беше прекинато.
Манев седна пред говорницата и се сврти кон другата страна кон ѕидот, не можејќи да го гледа таткото Александар.
Александар Ѓорчевски беше изнесен од судницата, по што беше дадена пауза од 10 минути.
Претходно Манев во сведочењето кажа дека Палчо му покажувал фотографии на 40-годишна жена, а не на девојче, кое требало да се грабне.
4news.mk