ПРВ.мк

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ – Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ – Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

На денешното испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска, такото на Вања, Александар Ѓорчевски, објаснуваше што се случувало во текот на преходниот ден, како и на денот на исчезнувањето на неговата ќерка.

Според него, на помалата ќерка Миња, во текот на целата учебна наставата во петок и започнувала од вториот час. Но, поради обврски на класната и во понеделник на 27.11 таа почнала со настава од вториот час.

„Само вие од сите обвинети овде знаевте дека тој ден Вања ќе оди сама на училиште“, беше прашањетпо од обвинителката, а на тоа Александар одговори дека тој знаел, но не знае дали другите тоа го знаеле.

Како што рече Александар, тој пратил порака и до децата да се облечат добнро, а како што нагласи, истата порака и ја испратил и на сопругата Зорица. На ова обвинителката се интересираше зошто барал од ќерките да се облечат топло, како за на скијање, а не за училиште.

Vero

Фактор.мк

Agria