ПРВ.мк
Македонија

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ КРУГ: Кандидатот на НАИ и ДУИ, Аркин Јахији, ја освои победата во Општина Брвеница - еве со колку гласови разлика!

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ КРУГ: Кандидатот на НАИ и ДУИ, Аркин Јахији, ја освои победата во Општина Брвеница - еве со колку гласови разлика!

Во неизвесна и драматична завршница од вториот круг на вонредните локални избори за Општина Брвеница, победата ја однесе Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, кој во финишот направи целосен пресврт.

Според првичните и неофицијални податоци, Јахији освоил вкупно 4.379 гласови, додека неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.178 гласови.

Битката за градоначалничките столче беше неизвесна до самиот крај, а разликата меѓу двајцата кандидати изнесува едвај 201 глас во корист на Јахији. Во текот на изборниот ден во вториот круг евидентирани се и 203 неважечки гласачки ливчиња.

И покрај тоа што Радичевски имаше убедливо водство во раната фаза од броењето на гласовите по обработката на првите избирачки места, Јахији со поддршката во клучните гласачки реони успеа да ја анулира предноста и да извојува конечна победа на овие вонредни избори во Брвеница.

Најнови вести