ПРВ.мк
Македонија

РАСЧИСТЕНА КРАЖБА ВО ВЕЛЕС: Уапсени две лица - полицијата со детали!

РАСЧИСТЕНА КРАЖБА ВО ВЕЛЕС: Уапсени две лица - полицијата со детали!
Kristal

Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полицијата од СВР Велес лиши од слобода двајца велешани, А.Д. (22) и А.С. (48), поврзани со кражба од дом на 54-годишната С.Х.

Според полициските информации, А.Д. со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на С.Х., одземајќи пари и златен накит. Дел од украдените златни предмети тој ги заложил кај А.С., кој исто така бил лишен од слобода. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и веднаш вратени на сопственикот.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo