ПРВ.мк
Македонија

Пожарот му излегол од контрола: Велешанец запалил трева и шут, па огнот стигнал до ридот!

Пожарот му излегол од контрола: Велешанец запалил трева и шут, па огнот стигнал до ридот!

Полицијата во Велес привела 59-годишен жител на градот, откако при палење сува трева и отпаден шут во неговиот двор избувнал пожар кој се проширил кон блискиот рид.

Од СВР Велес информираат дека вчера околу 13:10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Т.Т. (59) од Велес.

Според пријавеното, тој во дворот запалил сува трева и отпаден градежен шут. Огнот потоа се проширил на ридот во непосредна близина, при што бил зафатен дел со сува трева.

За среќа, во пожарот нема повредени лица.

Пожарот бил ставен под контрола и изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Велес.

За случајот бил известен и јавен обвинител, додека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Полицијата продолжува со постапувањето за целосно расчистување и документирање на случајот.