На 7 јануари 2026 година, во 16:30 часот, во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила измама во износ од 700.000 денари.
Според пријавата, лицето ѝ се јавило и се претставило како лекар, известувајќи ја дека нејзината сестра била хоспитализирана поради скршеница на нога и дека е потребна операција со вградување на шипки.
Лицето побарало пари, а по повеќекратни договори ги презело на договореното место. Подоцна, во домот на жртвата дошла и нејзината внука, по што преку контакт со сестрата жртвата сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
















