ПРВ.мк

Полицијата уапси возач, управувал под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Полицијата уапси возач, управувал под дејство на алкохол и без возачка дозвола
Jumbo Banner

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

На 16.05.2025 во 02.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода М.С.(31) од Македонска Каменица.

При вршење увид на сообраќајна незгода на ул.„Церска“ со лесни повреди и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото „сеат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран