ПРВ.мк

Почна изградбата на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8

Почна изградбата на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8
Jumbo Banner

Со свечена церемонија и присуство на владиниот врв, денес официјално започна изградбата на автопатот Тетово–Гостивар, како дел од паневропскиот Коридор 8. Делницата ќе биде долга 17,5 километри и ќе чини околу 90 милиони евра. Според планот, изградбата треба да заврши за две ипол години. Ќе има шест ленти – по три во секој правец – и вкупно девет натпатници.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека проектот е силен одговор на скептиците и симбол на исполнето ветување.

„Со почетокот на работите се испраќа најсилниот одговор на сите скептици и, како што потенцира, дека не ветувале празно,“ изјави Мицкоски.
„Како држава сме можеби единствените кои имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори. Првиот е Коридорот 8… вториот е Коридорот 10… но и Коридорот 11 кој поминува во нашето источно соседство.“

Тој додаде:

„Македонија станува земја којашто ќе биде директно поврзана со сите пристаништа во овој дел на Европа и ќе биде значајна алка на јужното крило на НАТО.“

Вицепремиерот Изет Меџити го истакна значењето на проектот за Полошкиот регион:

„Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции… Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови.“

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информираше дека е постигнат напредок во експропријацијата:

„Во април 2025 година имаме 2.497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати… Отвораме фронт за работа на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола.“

Претставникот на „Бехтел и Енка“, Џош Бејкер, најави динамична градежна сезона:

„Работиме на повеќе од 20 километри од трасата, а до крајот на јуни очекуваме да имаме пристап до над 50 километри… Завршени се 1,9 милиони кубни метри ископување и 22.000 кубни метри бетон.“

Настанот беше проследен и со обраќања од амбасадорката на САД Анџела Агелер и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран