ПРВ.мк
Македонија

Затворена делницата Скопје – Куманово поради голем пожар

Затворена делницата Скопје – Куманово поради голем пожар
Escape

Голем пожар го блокираше автопатот Скопје – Куманово, кој попладнево беше затворен за сообраќај од наплатната рампа Миладиновци до клучката Бунарџик. Министерството за внатрешни работи информира дека сите возила се пренасочуваат преку Петровец, а граѓаните се повикуваат да не се упатуваат кон овој потег додека не се овозможи безбеден сообраќај.

Пожарот е последица на силниот ветер кој во попладневните часови зафати делови од Скопје и Куманово. Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека до пожарите дошло од искрење на електрични жици, што предизвикало запалување на повеќе локации.

Во скопскиот регион, огнот се шири меѓу Индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“, додека во Кумановскиот крај се зафатени селата Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. Надлежните служби се на терен и работат на локализирање на пожарите.

Mia Home Mavrovo