ПРВ.мк
Македонија

ПАДНА ПРЕСУДАТА: Високи затворски казни за членови на „Беланоца“, судот ги прогласи за виновни за тешки кривични дела!

ПАДНА ПРЕСУДАТА: Високи затворски казни за членови на „Беланоца“, судот ги прогласи за виновни за тешки кривични дела!

Тројца припадници на криминалната група „Беланоца“ денеска добија високи затворски казни по пресуда на судот, откако беа прогласени за виновни за повеќе тешки кривични дела поврзани со организиран криминал, објави ТВ Телма.

Според објавените информации, еден од обвинетите е осуден на 20 години затвор, додека вториот доби казна од 11 години затвор. Двајцата се осудени за злосторничко здружување и дела поврзани со убиството на Орхан Бајрами, кој важеше за лидер на спротивставената криминална група „Дуќанџик/Грчец“.

Во предметот се опфатени и околностите поврзани со убиството на Пластичарска улица, во кое животот го загуби 29-годишниот Амар Исмани, познат во јавноста како млад пејач и блогер. Случајот предизвика големо внимание поради сомнежите за пресметки меѓу криминални групи.

Третиот обвинет во постапката е осуден на четири години затвор за кривичното дело изнуда.

Со денешната пресуда судот донесе една од најстрогите казни во предметите поврзани со дејствувањето на криминалната група „Беланоца“. Сепак, постапките поврзани со останатите осомничени и други случаи што се поврзуваат со оваа криминална мрежа продолжуваат согласно законските процедури.

Најнови вести