Бројот на новозаболени лица од западнонилска треска бележи пад, што потврдува дека преземените мерки и координираното делување на надлежните здравствени институции на терен даваат позитивни резултати.
Здравствените власти соопштуваат дека внимателното следење на епидемиолошката состојба продолжува со ист интензитет со цел целосно стабилизирање на теренот.
Превенцијата, одговорното однесување и навременото дејствување остануваат најдобрата заштита на јавното здравје. Институциите продолжуваат со заеднички, одговорни и навремени чекори во служба на граѓаните.








