ПРВ.мк
Македонија

Воена вежба на оваа локација: Апел до месното население за внимателност!

Воена вежба на оваа локација: Апел до месното население за внимателност!
Kristal

Утре, на 17.02.2026 година, од 04:00 до 09:00 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, ќе се одржи заедничка воена вежба на македонската и белгиската армија.

СВР Охрид известува дека за време на вежбата ќе биде употребена маневарска муниција. Затоа, надлежните апелираат до месното население да се прилагодат на своите обврски и да бидат внимателни при нивното извршување.

Исто така, граѓаните се повикуваат да ги следат насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето, со цел да се избегнат несакани инциденти.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo