ПРВ.мк
Македонија

Одлична вест за љубителите на снег и зима: Ски-сезоната на Михајлово официјално е отворена (ФОТО)

Одлична вест за љубителите на снег и зима: Ски-сезоната на Михајлово официјално е отворена (ФОТО)
Kristal

По минатогодишното успешно деби, ски-патеката „Македонија“ на Михајлово повторно ги отвори вратите и од денеска ја стартува новата зимска сезона, носејќи радост кај сите вљубеници во снегот и зимските спортови.

Скијачката патека ќе биде достапна секој ден, со работно време до 19:00 часот, а во зависност од интересот и условите, активностите ќе продолжуваат и во доцните вечерни часови.

Првиот ден од сезоната веќе помина во одлична атмосфера, со бројни посетители кои не пропуштија да ги направат првите спустови и да уживаат во свежиот снег и зимската магија.

Ова е втора година по ред како Михајлово се позиционира како атрактивна зимска дестинација, прераснувајќи во вистински зимски центар за деца, млади и возрасни. Место каде што спортот, дружењето и природата создаваат незаборавни зимски моменти.

Подгответе ги скиите и санките, соберете ја екипата и искористете ја можноста за вистинско зимско уживање на Михајлово. Сезоната започна – снегот ве чека.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape