ПРВ.мк
Македонија

Обвинителството објави вознемирувачки повици од 112: Плач на дете и пријави за насилство кај Стојанче Јовановски!

Обвинителството објави вознемирувачки повици од 112: Плач на дете и пријави за насилство кај Стојанче Јовановски!

Обвинителството презентираше серија аудио снимки од бројот 112 како докази во случајот против Стојанче Јовановски, каде соседи и Ивана Стојаноска барале помош поради насилство, додека присутна била и Катја. Обвинителката Адела Бојчевиќ истакна дека дел од материјалите се вознемирувачки.

Снимките обхваќаат период од 2024 до 2026 година и содржат повици за бучава, вресоци и плач на дете, како и случаи кога Ивана барала интервенција бидејќи била малтретирана или заклучена надвор од станот кој прво бил заеднички, а потоа само на Јовановски. Во една од пријавите се слуша како таа му вели: „Ќе отвориш или да те пријавам?“

Доказите вклучуваат и пријави за физичко насилство, дрога во станот, како и пријави од членови на семејството и од маркет во Ѓорче, каде било пријавено дека „таткото ја тепа мајката пред детето“.

Јовановски се товари за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, поврзано со трагедијата од март годинава, кога Ивана Стојаноска скокна од шести кат во Тафталиџе, при што животот го загубија и таа и нивното шестгодишно дете.

Најнови вести