ПРВ.мк
Македонија

Започна реконструкцијата на две улици во Радишани, најавено продолжување на градежната офанзива во Бутел

Започна реконструкцијата на две улици во Радишани, најавено продолжување на градежната офанзива во Бутел

Општина Бутел започна со реконструкција и санација на две улици во населбата Радишани, во рамки на активностите за унапредување на локалната патна инфраструктура.

Како што информираат од општината, работите се дел од „големата градежна офанзива“ која се реализира со засилена динамика, со цел решавање на долгогодишни проблеми на терен и подобрување на условите за секојдневно движење на граѓаните.

Од Општина Бутел посочуваат дека реконструкциите ќе продолжат и во останатите населени места кои се опфатени со програмата, при што фокусот останува на еднаков и рамномерен развој на целата општина.

Локалната самоуправа најавува дека и во наредниот период ќе се интензивираат зафатите на повеќе локации, со цел побрза реализација на планираните инфраструктурни проекти.

Најнови вести