ПРВ.мк

Обезбедувач на диското доби притвор: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев

Обезбедувач на диското доби притвор: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев
VERO Banner

Столе Боев, член на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“, вечерва изјави дека не чувствува вина. Тој е осомничен заради тоа што во дискотеката се пуштени малолетници, што е противзаконски.

„Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за тие што не успеав да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои лично ги извадив. Не знаете како ми е, но тоа е тоа“, изјави Боев.

Тој додаде дека гневот на Кочани не е насочен кон нив.

„Луѓето кои протестираат доаѓаат од нашиот круг, бараат правда за нас и слобода. Ние успеавме да ги извадиме сите преживеани. Јас сум дел од обезбедувањето кое успеа да ги спаси“, рече Боев.

Во трагедијата која се случи во дискотеката, загинаа 59 лица, меѓу кои и малолетници. 20 лица се во тешка здравствена состојба.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран