ПРВ.мк
Македонија

До 17 часот – најголема излезност во овие општини!

До 17 часот – најголема излезност во овие општини!

Во тетовскиот регион локалните избори 2025 се одвиваат мирно, со различна излезност по општини.

На врвот е Општина Тетово, каде од вкупно 87.878 запишани гласачи до 17 часот гласале 36.140 граѓани, што претставува 41,5 проценти. Следува Општина Брвеница со 38,66% излезност, каде од 16.150 гласачи гласале 6.241. Во Општина Јегуновце до 17 часот гласале 3.838 од 9.981 гласачи или 38,47%, а во Општина Теарце излезноста изнесува 37,56% од 22.688 гласачи, односно 8.518 граѓани.

Најмал процент на излезност е забележан во Општина Желино, каде од 25.731 запишани гласачи гласале 9.478 или 36,86%, и во Општина Боговиње, каде излезноста изнесува 31,83% од 29.088 гласачи.

Во сите општини гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без забележани инциденти.

Escape