Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека од 31 октомври од Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде воведена нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар.
„На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати“, напиша Николоски на Фејсбук.