Вработена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера пријавила во полиција дека пациент се обидел да ја прегази со возило.
Според информациите од СВР Скопје, инцидентот се случил околу 15:30 часот кај Институтот за трансфузиона медицина. Пациентот А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази вработената Ф.Р.(45) од Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.



















