ПРВ.мк
Магазин

СРУШЕН МИТОТ ЗА „БОГАТИОТ ЗАПАД“: Каде се исплаќа да работите денес, а каде не вреди ни да се обидете?

СРУШЕН МИТОТ ЗА „БОГАТИОТ ЗАПАД“: Каде се исплаќа да работите денес, а каде не вреди ни да се обидете?
Kristal

Новите податоци на „Евростат“ за 2026 година покажуваат дека пазарот на труд во Европа драматично се менува – невработеноста сè повеќе зависи од регионот во кој живеете, а не од самата држава.

Според анализата базирана на најновите статистики, разликите во вработеноста се огромни дури и внатре во истите земји. Авторот на визуелизацијата, Милош Поповиќ, посочува дека „поштенскиот број“ станува клучен фактор за економската иднина на граѓаните.

Јужните делови на Шпанија, Грција и Италија остануваат најпогодени, со стапки на невработеност што во одредени региони надминуваат 20 проценти. Овие области со години се соочуваат со ограничени економски можности и слаб пазар на труд.

Во исто време, Централна Европа бележи сосема поинаква слика. Земји како Чешка, Полска и региони како Баварија во Германија имаат стабилен пазар на труд и невработеност под 5 проценти, што ги прави вистински „оази за работа“.

Балканот, пак, се наоѓа некаде на средина. Македонија е во групата земји со повисока невработеност, околу 15 до 20 проценти, што е над европскиот просек, но сепак под најкритичните жаришта на југот од континентот.

Особено впечатливи се разликите внатре во самите држави. Северна Италија е економски силна и со висока вработеност, додека јужниот дел значително заостанува. Слични разлики се забележуваат и во Германија, како и во Шпанија, каде одредени региони нудат далеку повеќе можности од други.

Новата карта на Европа јасно покажува дека старите поделби повеќе не важат. Наместо класичната линија Исток–Запад, денес клучните разлики се Север–Југ и развиени наспроти неразвиени региони во рамките на истите држави.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo