ПРВ.мк

НАЈНОВА ВЕСТ: Позната состојбата на жената која беше застрелана во Прилеп

НАЈНОВА ВЕСТ: Позната состојбата на жената која беше застрелана во Прилеп
Jumbo Banner

Обвинителството соопшти дека мажот кој денеска пукаше и рани социјална работничка во Прилеп на нејзиното работно место, избегал од психијатриска установа.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во просториите на Центарот за социјални работи.

Од Обвинителството велат дека напаѓачот подолго време ја демнел жртвата.

„Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата, за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување. Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената, која е повредена и е надвор од животна опасност, но и кон директорот на установата, кој не е повреден. Осомничениот е уапсен, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење“, велат од ОЈО.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран