Нема да има место во Владата за политички партии кои досега биле дел од коалицијата Вреди, но се обидуваат да соработуваат со ДУИ, порача денеска од Тетово, Биљал Касами.
Тој нагласи дека овој нивен став е ист од почетокот на функционирањето на Владата и е во насока на справување со корупцијата на претходната извршна власт.
Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во Вреди не може, а тоа го го дадовме јасно како порака и до премиерот и се договоривме, се согласивме дека во оваа фаза кога оваа Влада работи во делот на справување со корупцијата на претходните влади и на елементи од оваа Влада не можеме да прифатиме да има членови во Владата кои соработуваат со вакви елементи. Сигурно дека во следните денови ќе има и конкретни чекори во овој правец, рече Касами.
Според Касами, има членови на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со ставовите на претседателот Арбен Таравари.
За нас Алијансата на Албанците (АА) е важен фактор на партијата Вреди и затоа работиме и се молиме Алијанса да остане во Вреди, но сигурно без елементи, чинители за кои имаат докази и веќе јавно нели прифаќаат дека соработувале со ДУИ и со Али Ахмети. Веќе има многу гласови во рамките на Алијанса кои не се согласуваат со нивниот претседател, кој јавно кажува дека во одредени општини се подготвени да соработуваат и со ДУИ, изјави Касами.
Тој рече дека многу луѓе од АА се изјасниле дека ќе работат во насока на борбата против корупција и затоа се надева деја ќе бидат дел од партијата Вреди и Владата.
Касами: Таравари уште некоj ден министер! Арбен Фетаи – поинаквиот глас во АA
Касами, изјави за Арбен Таравари дека ќе биде министер за здравство уште некoj ден, оставајќи простор нa шпекулациите дека АA–Таравари ќе ја напушти Владата. Во однос на Арбен Фетаи, Касами рече дека тој е поинаков глас од Таравари, без да даде детали дали ќе биде дел од ВЛЕН.
„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Гледаме во јавноста дека министерот Арбен Фетаи има различно мислење од некои одлуки на претседателот на Алијансата. Посакуваме овој поинаков глас во Алијансата да биде силен и, секако, ние повторно би сакале Алијансата за Албанците да биде дел од коалицијата ВЛЕН, дел од владата, но во ниту еден момент со елементи кои соработувале и продолжуваат да соработуваат со Али Ахмети и ДУИ,“ изјави Касами.