ПРВ.мк

Ќе видиме колку пратеници ќе останат со Таравари, вели Ѓорѓиевски

Ќе видиме колку пратеници ќе останат со Таравари, вели Ѓорѓиевски
Jumbo Banner

Градоначалникот на Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во 24 анализа на ТВ 24 рече дека во моментов не се знае колку пратеници ќе го поддржат Таравари и ќе излезат од владата заедно со него.

Според него, излегувањето на Таравари од владата нема да влијае врз владиното мнозинство.

„Следиме периодов разни изјави за Таравари. Јас морам да истакнам дека имавме одлична соработка со него. Дали ќе излезе или не е ирелевантно за мнозинството. Нашите заложби беа да се делегитимира ДУИ и СДСМ и неприфатливо е соработка со ДУИ. Генерално да сумирам, не верувам дека нешто би влијаело на владиното мнозинство и апсолутно нема  да има никаква промена. Не можам да говорам во името на албанскиот блок тоа најдобро си го знаат од коалциијата Вреди, дали некој располага со 5 пратенции 3 или 1 на крај може да се дискутира. Јас не сум сигурен кој точно и со кој располага Тарвари и не можам да говорам  за можно негово истапување или за тоа кој би останале а кој би излегле со него. Знаеме дека и во минатото имало пратеници кои порационално размислувале од поединици“, рече Ѓорѓиевски.

Тој зборуваше и за безбедносните проверки на угостителските објекти.

„Трагедијата не освести да делуваме, нашата цел беше  да се потрудиме да ги осигураме граѓаните дека објектите се безбедни. Прво ги проверуваме градинките, училиштата, спортските сали. Потоа зградите, откривме дека недостасуваа хидранти и црева, им  оставивме рок да средат се, проблем беа постарите згради градени пред и после земјотерсот и таму интервенираме ние како општина. За угостителските објекти кај нас во Скопје многу се мали ингеренциите и надлежностите по кои ние постапуваме и тука повеќе контролира Град Скопје. Ние со нашат инспекција ДЗР и пазарна се направија обиколки и проверки и имаат задолженија како да постапат. Ние во овој процес не смееме да згаснеме една цела дејност и треба да им дадеме време но тоа не значи дека тоа треба да трае вечност“, додаде Ѓорѓиевски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран