ПРВ.мк

На возачите не им иде паметот, полицијата само вчера напишала 794 казни

На возачите не им иде паметот, полицијата само вчера напишала 794 казни
Jumbo Banner

Вчера 794 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 163 за брзо возење.

Од вкупно издадените 794 платни налози во текот на вчерашниот ден (03.04) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 269 платни налози, по основ на возење со брзина поголема од дозволената 163 санкции, за возење без возачка дозвола изречени се 69 мерки.

Статистички гледано изречени се 57 мерки по основ на неносење сигурносен појас, потоа 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 33 санкции за пешаци и три за неносење заштитен кацига.

Инаку вчера изречени се седум санкции за возење под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 12 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 10 возила затоа што не биле со важечка регистрација.

ELS

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран