ПРВ.мк
Македонија

Министерството за здравство доби осум електрични возила – револуција во јавниот здравствен систем!

Министерството за здравство доби осум електрични возила – револуција во јавниот здравствен систем!
Kristal

Министерството за здравство направи значаен чекор кон модернизација и еколошка одржливост со донацијата од осум електрични возила, обезбедени преку грант од Владата на Република Кореја.

Првите три возила денеска беа примопредадени во присуство на министерот за здравство, Азир Алиу, и амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким. До крајот на месецот се очекува пристигнување на останатите пет возила, со што целосно ќе се реализира грантот.

„Ова е значаен чекор во зајакнувањето на институционалните капацитети и ќе овозможи поефикасно, поекономично и еколошко функционирање на инспекциските служби“, изјави министерот Алиу.

Возилата се дел од стратегија за современо опремување на јавниот здравствен систем и вклучуваат инсталација на станици за електрично полнење, овозможувајќи им на службите да работат побрзо, поекономично и со помал јаглероден отпечаток.

Министерството и Владата на Република Кореја ја истакнуваат долгорочната соработка и посветеност на зајакнување на капацитетите во здравствениот систем, потврдувајќи дека вакви проекти значително ја подобруваат ефикасноста и услугите кон граѓаните.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK