ПРВ.мк

Макстил и ЕКО-ФЛУИД го одбележаа доаѓањето на пролетта со 100 садници во Детските градинки„Темјанушка“ и „Сончоглед”

Макстил и ЕКО-ФЛУИД го одбележаа доаѓањето на пролетта со 100 садници во Детските градинки„Темјанушка“ и „Сончоглед”
Jumbo Banner

(Скопје, 3 април) По повод доаѓањето на пролетта МакстилАД Скопје заедно со ЕКО-ФЛУИД ДОО организираазасадување на 100 зимзелени садници во Детските градинки„Темјанушка“ и „Сончоглед” во населбата Автокоманда. 

Оваа иницијатива, која се реализира со поддршка на Општина Гази Баба, има за цел да придонесе кон раззеленување на урбаните средини, подобрување на квалитетот на воздухот и создавање поздрава околина за најмладите. ЕКО-ФЛУИД ДОО Скопје и Макстил АД Скопје се цврсто уверени дека само континуиранитезаложби на секој од нас ќе го дадат посакуваниот резултат за почиста животна средина. 

„Како општествено одговорна компанија, постојановложуваме во активности кои имаат позитивно влијание врз животната средина. Со оваа акција, сакаме ја да поттикнеме еколошката свест кај најмладите и да оставиме зелен белег за идните генерации. Веруваме дека ваквите активности се суштински за подигање на свеста кај најмладите за значењето на природата и потребата од нејзино зачувување,“ истакна Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил. 

Со поставувањето на садниците, ќе се направи зелен појас долж оградите на детските градинки „Темјанушка“ и „Сончоглед” во населбата Автокоманда кон главниот булевар. Овој зелен појас воедно ќе претставува заштита од издувните гасови од возилата, кои се движат покрај самитеградинки, а децата опкружени со зеленило ќе може безгрижно да го поминуваат времето во дворот на градинките.  

ELS

Засадувањето на дрвјата е дел од пошироката стратегија на Макстил за одржлив развој, грижа за животната средина и посветеност кон еколошките стандарди. ЕКО ФЛУИД се приклучи на акцијата за раззеленување оваа година, што влева надеж дека во иднина ќе се придружат и други компании, со што сите заедно ќе делуваме за подобрување на квалитетот на живот на сите чинители во општеството.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран