ПРВ.мк

Лов на педофили во Битола – ОЈО Битола со апел до граѓаните да пријават сознанија за кривични дела

Лов на педофили во Битола – ОЈО Битола со апел до граѓаните да пријават сознанија за кривични дела
VERO Banner

На социјалните мрежи се шират видеа за разоткриени наводни педофили во Битола.

Видеото од Битола, објавено на социјалните мрежи, покажува двајца мажи намамени од членови на „Пантер“. Според снимката, групата ги намамила осомничените на јавен простор, тврдејќи дека планирале средба со малолетници за евентуални сексуални цели. „Пантер“ користи лажни онлајн профили за да привлече педофили, по што организира соочувања. Нивната цел е да ги идентификуваат и јавно да ги разоткријат сторителите, подигајќи ја свеста за проблемот со сексуална експлоатација, пишуваат медиуми.

-Основното јавно обвинителство Битола е известено за ваквите појави и презема дејствија за целосно расчистување на случаите и одговорноста од сите аспекти. Апелираме до сите граѓани кои имаат сознанија за кривични дела да ги пријавуваат во надлежните институции – МВР или јавните обвинителства и да не се обидуваат да ја преземаат правдата во свои раце, изјави Обвинителството од Битола за АПЛА.мк.

Apla.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран