СВР Тетово поднесе кривична пријава против 49-годишниот Л.М. од Косово, осомничен за измама.
Според полицијата, на 15 септември 2025 година, тој преку социјална мрежа воспоставил контакт со жена и ја довел во заблуда, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странство. Во разговорите ѝ ветил дека ќе ѝ помогне при купување на имот во таа држава.
Жената му префрлила вкупно 12.000 евра, убедена дека парите се потребни за реализација на договорот. Сепак, имотот никогаш не бил обезбеден, а уплатените средства не ѝ биле вратени.
Надлежните институции преземаат дополнителни чекори за целосно расчистување на случајот и повлекување на средствата.

















