Обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште опиша како, по убиството на Панче Жежовски, пристигнале во Скопје и го паркирале „цитроенот“ на паркингот кај Кванташкиот пазар. На прашањето дали пред да биде грабната Вања биле на обиколка на нејзината зграда, Кешишев одговори:
„Не сум бил, освен привиот пат кога се обидоа и вториот пат кога беше грабнувањето.“
На прашањето од бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, Кешишев откри дека телефоните биле во штабот и дека со себе носеле мотороли: „Телефоните ни беа во штабот, со себе носевме мотороли.“
Туфегџиќ го праша Кешишев дали слушнал дека девојчето било по грешка грабнато, на што Кешишев одговори:
„Не, бидејќи бев подалеку, ниту пак некој ги спомна мајката и таткото на детето.“