ПРВ.мк
Македонија

Итна интервенција кај Кавадарци: Голем пожар во Бошавијата, сите служби се на терен!

Итна интервенција кај Кавадарци: Голем пожар во Бошавијата, сите служби се на терен!

Голем пожар го зафати регионот Бошавијата: Пожарникарите и службите се борат со огнената стихија

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци во моментов интензивно интервенираат на голем пожар во регионот Бошавијата, каде што огнената стихија веќе зафати соголема површина.

Во акцијата за справување со огнот ангажирани се три противпожарни екипи со три возила, а директна поддршка на терен даваат и припадниците на Граничната полиција, како и екипи од Шумското стопанство Подружница „Бор“ – Кавадарци.

Најголем проблем за противпожарните екипи во моментов претставува силниот ветер, кој брзо го шири огнот и дополнително ја отежнува интервенцијата.

Пожарникарите и сите вклучени служби остануваат на терен и вложуваат максимални напори за спречување на понатамошното ширење на пожарот, а акцијата ќе продолжи сè до негово целосно локализирање и ставање под контрола.