ПРВ.мк
Македонија

ИСКЛУЧУВАЊА УШТЕ ОД УТРОВО: Овие делови од Скопје денеска ќе останат без струја

ИСКЛУЧУВАЊА УШТЕ ОД УТРОВО: Овие делови од Скопје денеска ќе останат без струја

Жителите на неколку локации во Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Максим Горки“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во општина Центар.

Планиран прекин е најавен и во општина Сопиште. Таму, од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во селата Горна Краста и Јаболци.

Прекините се поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.

Граѓаните кои живеат или работат на наведените локации треба навреме да ги приспособат своите активности на најавените прекини.