ПРВ.мк
Македонија

ГРИПОТ ЗЕМА НОВА ЖРТВА ВО МАКЕДОНИЈА: Уште еден пациент ја загуби битката!

ГРИПОТ ЗЕМА НОВА ЖРТВА ВО МАКЕДОНИЈА: Уште еден пациент ја загуби битката!
Kristal

Црната статистика поврзана со сезонскиот грип во Македонија продолжува да расте. Уште еден пациент го загуби животот како последица на тешки компликации од грип, откако бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Станува збор за пациент од внатрешноста на земјата, кој во раните утрински часови починал на одделението за интензивна нега. Според информациите од Клиниката, неговата здравствена состојба била исклучително сериозна уште при приемот, а болеста напредувала многу брзо.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, појасни дека симптомите кај пациентот се појавиле пред околу пет дена, по што дошло до нагло влошување. Поради сериозната клиничка слика, пациентот бил поставен на механичка вентилација, но и покрај сите медицински напори, исходот бил фатален.

„За жал, во утринските часови почина 69-годишен пациент кај кого лабораториски беше потврдена Инфлуенца А. Тој беше донесен во исклучително тешка општа состојба, со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром“, изјави Цана.

Дополнително, од Клиниката информираат дека пациентот имал повеќе сериозни коморбидитети, што значително го зголемило ризикот од тешки компликации. Иако припаѓал на ризична категорија, тој не бил вакциниран против сезонски грип, што, според лекарите, често е клучен фактор за тежината на болеста.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се лекуваат околу 30 пациенти заболени од грип. Повеќето од нив се во стабилна состојба, но еден пациент се наоѓа во посериозна здравствена состојба и е под постојан медицински надзор.

Здравствените власти повторно апелираат до граѓаните, особено до повозрасните лица и оние со хронични заболувања, да не ги игнорираат симптомите, навремено да побараат лекарска помош и да ја сфатат сериозно опасноста од компликации предизвикани од грипот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo