ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ-Млада девојка паднала од зграда, итно пренесена во Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ-Млада девојка паднала од зграда, итно пренесена во Скопје
Kristal

Сериозен инцидент е пријавен вечерва во Тетово, каде млада девојка паднала од станбена зграда и со тешки повреди била итно пренесена на лекување во Скопје.

Според првичните информации објавени од локални медиуми, на местото на настанот веднаш пристигнале полициски и противпожарни екипи, кои интервенирале по пријавата. Неофицијално, станува збор за девојка родена во 2006 година.

Локални извори наведуваат дека девојката паднала од третиот кат на зграда во близина на џамијата Гам Гам во Тетово. По укажаната прва помош, таа била пренесена на клиниките во Скопје, каде лекарите продолжуваат со нејзиниот третман.

Според неофицијалните информации, девојката била жива и свесна по падот, но со повреди. Во моментов не се познати точните околности под кои дошло до инцидентот, а случајот е предмет на истрага.

Надлежните служби работат на целосно расчистување на настанот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo