ПРВ.мк
Свет

Трамп им ги смени чевлите на министрите: Не сака патики, па дели „стилски подарок“ од свој џеб

Трамп им ги смени чевлите на министрите: Не сака патики, па дели „стилски подарок“ од свој џеб

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека на неколку членови од својот кабинет им купил исти чевли од омилениот бренд „Флорсхајм“, објаснувајќи дека сакал да им даде поудобна и поелегантна опција. Необичниот потег прво беше откриен во извештај на „Волстрит журнал“, а потоа и самиот Трамп го потврди во радио-интервју, велејќи дека „малку се забавува“ со тоа и дека чевлите се убави и удобни.

Според објавените информации, станува збор за кожни чевли од марката „Флорсхајм“, кои чинат околу 145 долари по пар. Трамп, наводно, сам ги плаќал и понекогаш дури и ја погодувал големината на оние на кои им ги подарувал. Меѓу функционерите што наводно ги добиле се потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.

Трамп во изјавата рекол дека никогаш не сакал членовите на кабинетот да шетаат во патики и дека кога некој ќе му каже дека има проблем со чевлите, тој едноставно му купува нов пар. Целата приказна предизвика и потсмев на интернет, особено по фотографии на кои се коментира дека чевлите на Марко Рубио изгледаат преголеми.

Најнови вести