ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Плоштадот Којник во ново руво: Едно од најстарите велешки маала доби нов изглед!

(ФОТО) Плоштадот Којник во ново руво: Едно од најстарите велешки маала доби нов изглед!
Kristal

Завршија градежните активности за реконструкција на плоштадот Којник, кој се наоѓа во едно од најстарите велешки маала и претставува секојдневно собиралиште на жителите од овој дел на градот. Со реализацијата на овој проект, којничани, но и сите граѓани на Велес, добија уреден и современ простор наменет за одмор, дружење и релаксација.

Реконструираниот плоштад доби нов и освежен изглед, со што значително се подобри квалитетот на јавниот простор и амбиентот во маалото. Овој зафат претставува уште еден чекор во унапредувањето на урбаната средина и создавање попријатни услови за секојдневниот живот на граѓаните.

Во наредниот период, најавено е прередување на бехатон плочките на улицата која го опкружува плоштадот, со цел целосно да се заокружи уредувањето на просторот. Веднаш по оваа фаза, ќе започне и целосна реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“, што дополнително ќе придонесе за подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот.

Со ваквите проекти, Велес продолжува да се развива и разубавува, а поубав и пофункционален град станува сè поопиплива реалност за неговите жители.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo