За време на синоќешната церемонија на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес, избувнал мал пожар зад сцената, во прес-собата. Инцидентот се случил откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна.
Според новинарот Крис Гарднер, тепихот кратко време горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Пожарот не бил единствениот инцидент што ја одбележал вечерта. Гледачите бурно реагирале кога наградата за најдобра филмска музика била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека тоа било непочитување кон уметниците, особено бидејќи за други сегменти од церемонијата имало доволно време.

















