Општина Кавадарци ја реализираше исплатата на финансиската поддршка наменета за сите семејства кои имаат прваче во учебната 2025/2026 година.
Во рамките на оваа мерка, на сметката на секое семејство се исплатени по 2.500 денари. За оваа намена, од општинскиот буџет се издвоени вкупно околу 800.000 денари.
Со реализацијата на овој проект, Општина Кавадарци продолжува во континуитет да дава директна поддршка на семејствата, да инвестира во локалното образование и да обезбедува полесен и подобар почеток на училишната година за најмладите ученици.







