ПРВ.мк
Македонија

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА: Градоначалникот Јанчев на средба со украинската амбасадорка Лариса Дир!

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА: Градоначалникот Јанчев на средба со украинската амбасадорка Лариса Дир!

Денес градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, оствари работна средба со амбасадорката на Украина во нашата земја, г-ѓа Лариса Дир. На средбата во фокусот на разговорите беше унапредувањето на регионалната и економската соработка меѓу Општина Кавадарци и Лвивската област од Украина.

Како конкретен чекор од оваа средба, договорена е претстојна посета на голема бизнис делегација од Лвивската област на Општина Кавадарци. Во рамките на оваа посета ќе се организираат заеднички средби и форуми со претставници од локалниот бизнис сектор.

Оваа иницијатива ќе претставува значајна можност за директно поврзување и вмрежување меѓу бизнис заедниците од двете земји, размена на меѓусебни искуства и отворање на нови перспективи за економски развој.

Во рамки на официјалната посета предвидено е и потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Лвивската обласна државна администрација од Украина и институции и бизнис оператори од Општина Кавадарци, со што соработката ќе добие и официјална рамка.

Најнови вести