ПРВ.мк
Македонија

Филмска потера на автопатот: Косовци уапсени со осум кинески мигранти – ја пробиле и рампата во Петровец

Филмска потера на автопатот: Косовци уапсени со осум кинески мигранти – ја пробиле и рампата во Петровец
Escape

Двајца млади косовски државјани се уапсени по драматична полициска потера на автопатот од Градско кон Скопје, откако во комби „Фолксваген Кеди“ шверцувале осум мигранти од Кина и се обиделе да избегaт. Притоа направиле серија сообраќајки, оштетиле инфраструктура, пробиле рампа, а дури и нападнале полицаец.

Сѐ почнало околу 21:40 часот кога возилото не застанало на знак од полицијата, по што започнала потера. Возачот удрил во друго возило кај Катланово, направил штета на мотоцикл, ја урнал рампата на наплатната станица Петровец и конечно излетал кај клучката Приштина.

При апсењето, еден од осомничените физички нападнал полицаец, но бил совладан. Полицијата испукала и предупредувачки куршуми, а уапсените се задржани во станица. Мигрантите се сместени во транзитен центар.

Mia Home Mavrovo