ПРВ.мк
Македонија

ФАТЕН ПО БЕГСТВОТО ШТО ЈА КРЕНА ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Осуденик од Велес уапсен и вратен зад решетки во „Штип“

ФАТЕН ПО БЕГСТВОТО ШТО ЈА КРЕНА ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Осуденик од Велес уапсен и вратен зад решетки во „Штип“
Kristal

По интензивна и координирана потрага, полицијата конечно го фати осуденикот од Велес кој успеа да избега од КПУ Затвор „Штип“. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка вчера, на 5 февруари 2026 година, околу 10:00 часот, го лишиле од слобода Р.П. (49), кој бил барано лице по судска наредба и се водел како бегалец од затвор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лице осудено на осум години затвор за тешко кривично дело по член 191 од Кривичниот законик. По бегството од затворската установа, случајот бил третиран како високоризичен, а по осуденикот била распишана интензивна потрага.

Апсењето било извршено брзо и ефикасно, без можност осомничениот повторно да се обиде да избега. Со ова, надлежните ставиле крај на бегството кое предизвика сериозна загриженост кај јавноста и дополнителен ангажман на безбедносните служби.

По приведувањето, Р.П. веднаш бил спроведен назад во КПУ Затвор „Штип“, каде ќе продолжи со доиздржување на затворската казна. Полицијата порачува дека нема толеранција за бегства од казнено-поправните установи и дека секој осуденик кој ќе се обиде да ја избегне правдата ќе биде пронајден и вратен зад решетки.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape