ПРВ.мк
Македонија

Еве кога ќе се знае од што починало бебето на Гинекологија - докторката привремено отстранета!

Еве кога ќе се знае од што починало бебето на Гинекологија - докторката привремено отстранета!
Kristal

Во петок се очекува да пристигнат резултатите од Институтот за патологија кои ќе ја утврдат причината за трагичната смрт на бебето на Клиниката за гинекологија и акушерство. Овој извештај ќе одговори на прашањето дали станува збор за лекарска грешка или други причини.

Додека трае постапката, докторката која работела со бебето е привремено отстранета од својата позиција. Министерството за здравство информира дека ќе се спроведат вонреден инспекциски надзор и стручен надзор, со цел да се расветлат сите околности околу трагедијата.

„Потенцираме дека Министерството за здравство и инспекторатот ќе постапат професионално, транспарентно и стручно, за јавноста точно да биде информирана“, стои во соопштението.

Министерството изрази сочувство до семејството и нагласува дека Клиниката за гинекологија е врвна терциерна установа со воспоставени протоколи за постапување во вакви случаи.

Јавноста ќе биде информирана веднаш по пристигнување на конечните резултати од обдукцијата.

FixCredit
Escape