ПРВ.мк
Македонија

Државата тргнува во акција: Ќе се одземаат неисправни трактори на лице место!

Државата тргнува во акција: Ќе се одземаат неисправни трактори на лице место!
Kristal

Со новите измени во Кривичниот законик, покрај технички неисправните и нерегистрирани возила, ќе се одземаат и трактори кои ќе бидат затекнати во сообраќај без соодветна техничка исправност или регистрација.

Оваа мерка доаѓа по бројните реакции во јавноста и сериозните сообраќајни несреќи во изминатите години. Особено проблематични се тракторите што се движат без исправна задна сигнализација, односно без светла, што ги прави речиси невидливи во вечерните часови.

Според податоците од билтените на Министерството за внатрешни работи, секоја земјоделска сезона се регистрираат десетици сообраќајни несреќи во кои учествуваат трактори и патнички возила. Најчесто, возилото удира во задниот, неосветлен дел на тракторот. За жал, дел од овие несреќи завршуваат и со смртни последици.

Со новите законски измени, надлежните најавуваат засилени контроли на терен. Целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на трагедии кои се повторуваат секоја година.

Останува да се види како ќе се спроведува мерката во пракса, но пораката е јасна – небезбедните и нерегистрирани трактори повеќе нема да бидат толерирани на патиштата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo