ПРВ.мк
Македонија

СИЛЕН ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Еве какво време нè очекува денеска!

СИЛЕН ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Еве какво време нè очекува денеска!

Македонија влегува во период на променливо, врнежливо и постудено време. Под влијание на циклонска активност, во наредните денови, сè до вторник, се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавите на УХМР, најинтензивни врнежи се очекуваат во недела и во понеделник кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се прогнозираат над 25 литри дожд на квадратен метар во период од 24 часа, додека локално, за целиот прогнозен период, количината може да надмине и 60 литри на квадратен метар.

Температурите постепено ќе се намалуваат, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Повремено засилување на ветерот се очекува долж Повардарието.

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМА ВО ВЕЛЕС?

И Велес го очекува претежно облачно и дождливо време. Според достапните прогнози, во недела, на 1 ноември, се очекуваат врнежи од дожд и температури од околу 10 до 13 степени. Во понеделник, 2 ноември, максималната температура би можела да достигне околу 16 степени, но кон крајот на денот повторно се најавува можност за пообилни врнежи. Дождливо време се очекува и во вторник, кога температурите ќе се движат околу 10 до 14 степени.

Граѓаните на Велес и околните населени места треба да бидат подготвени за влажни коловози и повремено посилен дожд, особено во периодите кога се очекува интензивирање на врнежите.

Од среда се очекува постепено стабилизирање на временските услови низ земјата. Сепак, заладувањето ќе продолжи и во наредните денови, па се очекува есенските температури дополнително да се почувствуваат.

Најнови вести